Категории

(ФОТО) Меланија Трамп повторно воодушеви со беспрекорен пролетен стајлинг

Првата дама на Америка одржа модна лекција – Вака изгледа идеалниот пролетен стајлинг

Иако моментално владее пандемијата на коронавирусот и сите се наоѓаат во своите домови, Меланија Трамп и понатаму има државни обврски на кои мора да им се посвети, а тоа подразбира дека треба да изгледа совршено дотерано.

Првата дама на Америка му се придружи на својот сопруг претседателот Доналд Трамп на церемонијата на садење дрва во чест на Денот на Земјата.
Парот засади ново дрво во дворот на Белата куќа, а Меланија за оваа прилика избра модна комбинација во зелена боја, во чест на природата.

Таа се појави во мантил-фустан во маслинеста нијаса со нежни балон-ракави со пресек во делот под градите кој визуелно ја истакнува фигурата. Во прашање е модел со потписот на Викторија Бекам, дизајнерката во чии парчиња Меланија не можеме да ја видиме често, а секако спаѓаат во нејзиниот стил.

Меланија го комплетира овој едноставен и елегантен стајлинг со класични салонки од модната куќа Маноло Бланик во кои веќе ја имаме видено и порано.