Категории

(ФОТО) Необичната молба на 93-годишната баба од самоизолација која го насмеа светот

93-годишна жителка на Пенсилванија, испрати порака од својот прозорец во која беше испишана нејзината необична молба

Во пораката таа ги моли комшиите од продавница да и донесат пиво.
Олив Веронези чекајќи да помине некој пред нејзината куќа, стоела пред прозорецот со хартија во рацете на која било испишано „Ми треба уште пиво“, пренесува Њујорк пост.

Фотографијата која ја објави нејзин роднина бргу достигна 10,000 лајкови и благодарение на тоа, секојдневно и пристигнува пиво на нејзината адреса.

Олив е една од 95% американци која се придржува до наредбата да остане во својот дом и да го зачува своето здравје и живот во текот на епидемијата на коронавирусот.

 

Прегледи:
530
Објавено на:
14.04.2020