Категории

Градинарот Џон Брокер отишол во пензија и направил змеј

Градинарот Џон Брокер ги поминал последните десет години внимателно обликуваќи ја живата ограда, долга 30 метри и висока 3 метри, во еден голем змеј.

Гоемиот ѕвер полека се појавувал со текот на времето и постепено стана препознатлив во областа Frizzleton Farm во близина на King’s Lynn.

Со екстремна посветеност и прецизност, Брокер со помош на градинарските ножици ги обликувал шесте нозе, големата глава со остри заби, скелетот и крилјата. Тој поминува три дена секоја втора или трета недела кастрејќи ги пораснатите делови и треба да се качи на скала од два метри за да може да го среди и горниот дел.

Кога бил запрашан зашто го започнал овој проект, Брокер рекот „Бев уморен од гледката на правата жива ограда. Стана прилично досадна после неколку години. Обликот дојде сам по себе, почнав од едниот крај, да направам мала промена, понатами се си дојде само по себе.“