Категории

Хејли Бибер добро знае како да носи долги капути

Познатата манекенка и сопруга на Џастин Бибер, Хејли Бибер дефинитивно важи за една од највлијателните трендсетерки во модниот свет.

Хејли секогаш е перфектно стилизирана а како што пристигнаа студените денови настапува и нејзиното презентирање на капутите кои се едно од нејзините омилени парчиња со оглед на тоа колку различни модели и бои поседува.

Многу често можеме да ја видиме во ефектни бои и дезени кои ги комбинира со кожни панталони, фустани, фармерки и плетива.
Доколку и вие сте љубителка на ова незаменливо зимско модно парче и сакате да знаете како можете да го комбинирате, Хејли ќе ви го открие вистинскиот рецепт.