Овој тренд ќе ги освои сите дами
Сакате својата фризура да ја освежите без притоа да ја скратите нејзината должина или да ја променувате бојата? Тоа можете да го направите на многу едноставен начин но ефектен начин.
Шнолите, привезоците и украсите за коса се најголемиот хит кај фризурите досега. Предимензионираните шноли веќе неколку месеци владеат во модниот свет, а годината што ни претстои ни доаѓаат уште многу нови кул украси за коса. Експериментирајте и пронајдете го оној што ви одговара, се е дозволено.