Комбинација од мода, исклучителен стил, патувања, а тоа што можеби најмногу ќе ве воодушеви е нејзиниот живот во Лондон.
Лондон низ очите на Теона, можете да го видите на нејзиниот инстаграм профил @teonamango, а кога еднаш ќе го отворите сигурно ќе заглавите вртејќи ги фотографиите како од Pinterest.
Младата блогерка ќе ви покаже како изгледа совршениот појадок, ќе ве инспирира со нејзиниот стил и модни избори, а воедно ќе ви го долови секојдневието во една од најголемите светски метрополи.
Ја прашавме што најмногу сака да фотографира, а добивме одговор како што очекувавме „Добро сервиран појадок, естетски пријатни ентериери и розови зајдисонца со облаци кои наликуваат на шеќерна волна.“
Низ нејзиниот објектив ќе ги видите убавините на градот, архитектура и историски обележја, необични места, ресторани, уникатни кафулиња, но и неговите скриени богатства.
За нејзе омилено место во Лондон е Нотинг Хил, за градот кој фасцинира со милион нешта и никогаш не е здодевен таа вели: „Тешко да се одлучам за едно омилено место, зошто сите места во Лондон се посебени на свој начин. Но, како омилено место би го издвоила Нотинг Хил, со своите пастелни куќи и најдобрите бранч места.“
Теона ќе ве прошета и низ други места низ светот, патувања кои ги документира со интересни фотографии, а истовремено ќе ви биде инспирација со декоративните детали во нејзиниот дом. Интересни декорации и многу цвеќиња се одраз на нејзиниот беспрекорен естетски стил.
Голем дел од нејзинот блог е посветен на модата, шик комбинации и модерни парчиња можат да се видат речиси на секоја нејзина фотографија, па ја прашавме кое е нејзиното омилено модно парче:
„Дефинитивно кожната јакна. Таа никогаш сезонски не се пакува или распакува и одлично оди и со дневни и ноќни комбинации.“
Бидејќи фокусот на #ИнстаСреќа ни се креативни и интересни инстаграм профили, сите инстаграмџии би ги интересирало со што фотографира и како најчесто ги обработува фотографиите.
„Најчесто фотографиите се направени со iPhone 7 Plus. Користам неколку апликации за обработка, во зависност од фотографијата, но најмногу ги користам Lightroom, Snapseed, VSCO и A Color Story.“
Teona’s Wanderlust е местото каде оваа млада блогерка ја насочува својата креативност. Доколку ви се допаѓа нејзиниот инстаграм профил, на нејзиниот блог ќе може да го доживеете во опширно издание. Нејзините интереси, страсти и се што и се допаѓа наоѓа простор таму.