Категории

Исповед за борбата против најмрачниот непријател: „Мојата мајка се гордее со мене затоа што не заборавив да купам јајца..“

„Депресијата е добар љубовник, толку посветен, толку грижлив што е подготвен да стори се за тебе. И лесно е да се заборави дека креветот не е твојот живот. Лесно е да останеш таму како жив мртовец. Лесно е да останеш во насилна врска наместо да се обидеш да го решиш проблемот.“

„Вчера ја потрошив половината од својата плата на намирници, го фактив автобусот и ги носев сите кеси со своите раце во мојот мал апартман и си подготвив вечера.
Ти и јас можеби имаме различен поим за тоа што е добар ден.
Оваа недела ја платив киријата и долгот од кредитната картичка, работев две работи вкупно 60 часа, го видов сонцето само во жарот на цигарата и спиев како камен.
Ја заклучив вратата и го наместив алармот. Мојата мајка се гордее со мене. Но не онаква гордост за која ќе се фали на кафе средби со своите пријателки, таа не раскажува дека нејзиниот син студира на најдобриот универзитет, таа раскажува дека нејзиниот син не заборави да купи јајца, но таа е горда. Затоа што знае што доаѓаше пред ова. Оние денови кога не знаев како да ги употребувам своите мускули и бев како магла наоколу. Таа мислеше дека секој повик кој и пристигнува е вест за моето самоубиство. Тоа беа лошите денови.
Мојот живот беше подарок кој сакав да го вратам. Мојата глава беше рушевина во која не допира нити еден грам светлина. Депресијата е добар љубовник, толку посветен, толку грижлив што е подготвен да стори се за тебе. И лесно е да се заборави дека креветот не е твојот живот. Лесно е да останеш таму како жив мртовец. Лесно е да останеш во насилна врска наместо да се обидеш да го решиш проблемот.
Денес спиев подолго од вообичаено, но кога станав ги отворив прозорците и му дозволив на сонцето да го исполни секој агол од собата. Го исчистив целиот стан, ги завршив сите обврски, ги предадов сите проекти на работа и ја завршив сета документација. За мене тоа е дефиниција за добар ден. Се борев и го завршив факултетот, но не зборувам на никого за тоа, најдов добра работа но не зборувам на никого за тоа. Мојата мајка се гордее со мене затоа што ја запалив мрачната рушевина во мојата глава, се борев и ја уништив депресијата.
Одлучив дека сакам да живеам, одлучив секој нареден ден да го нарекувам „добар ден“.

Каит Роковски

Прегледи:
520
Објавено на:
28.09.2020