Затоа што си жена, затоа што вредиш, затоа што тоа така треба. Уште откако постои светот. Не си дозволувај ништо освен љубов. Не моли, тоа не смееш да го правиш. Жената никогаш не смее да моли..
Ти си најубавата креација на Бог, зарем се сомневаш во Него? Ти си потреба, ти си создадена како поддршка, поткрепа, пријател, создадена си за да бидеш сакана, а не искористена и замента. Ти си создадена да бидеш и најдобар пријател, а најдобрите пријатели не лажат, не изневеруваат. Ти си жена, а не опција. Тебе те чекаат, ти не чекаш. Поради тебе се прават чуда, се поместуваат планини, и мораат да се препливаат мориња за да ти се докаже дека си сакана.
А ти чекаш порака? Порака која никогаш нема да дојде. Не чека, биди онаа која ја чекаат. Знаеш што? Затоа што си жена, затоа што вредиш, затоа што тоа така треба. Уште откако постои светот. Не си дозволувај ништо освен љубов. Не моли, тоа не смееш да го правиш. Жената никогаш не смее да моли, жената е таа која ја молат, за ронка нејзино внимание, за еден нејзин поглед. Ти си создадена за некој во тебе да го спознае она најдоброто, твојата сила, твојата спремност на живото.
Ти си создадена да водиш љубов, кон твоето тело да се пристапува како спрема храм, како спрема нешто свето, а некако објект. Твоето тело треба да се љуби милиметар по милиметар. Не заслужува тебе секој да те допре, а камоли да те има.
Убава си, верувај во тоа. Погледни ги своите раци.
Твоите раце, знаеш ли колку вредат? Твоите раце еден ден ќе бидат дом, нечиј рај. Твоите раце еден ден ќе лечат гребаници, болка, солзи, твојата прегратна ќе заштитува од сиот свет, сите непријатели и злобни јазицил. Твоите раце ќе бидат сигурност во времето кое доаѓа. Сигурноста во светот преполн со несигурности. Да ти ќе го сториш сето тоа, ти го можеш тоа.
Крени ја главата, можеби една приказна заврши. Тоа е обична приказна, обична приказна за тоа како уште еден маж на овој свет не го ценел она што го имал. Тебе те чека многу повеќе. Тебе те очекува твојата бајка, те чека да ја проживееш.