Категории

Кајсиите го чуваат срцето, ги зајакнуваат коските и подмладуваат

Доколку сакате да го зачувате здравјето на срцето – јадете кајсии. Тие содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје. Кајсијата е одличен избор за меѓуоброк ако ве мачи запек, болни коски, сува кожа или сте на диета.

 

Извор на витаминот А

Кајсиите се преполни со витаминот познат и како ретинол. Освен што го чува здравјето на очите, помага и при одржување на имунолошкиот систем и ја чува кожата здрава.

Полни се со влакна

Без разлика дали ги јадете суви или свежи, тие се одличен извор на влакна. Ретинолот од кајсијата ги топи мастите и бргу се разградува во организмот, а важните нутриенти лесно се апсорбираат. Влакната ги разградуваат масните киселини и така се грижат за нормалното варење на организмот.

Добри се за здравјето на срцето

Кајсиите помагаат при намалувањето на холестеролот, што значи дека го штитат вашето срце. Калиумот кој го содржи ова овошје го одржува здравото ниво на електролитите и така помага во работата на срцевите мускули. Јадете барем две кајсии на ден и помогнете му на вашето здравје.

Преполни се со антиоксиданси

Кајсиите се совршен извор на антиоксиданси, а ако ги јадете секојдневно, ќе се ослободите од токсините насобрани во текот на денот.

Го чуваат здравјето на кожата

Комбинацијата на витамините Ц и А од кајсијата грантираат совршено здрава кожа. Дали знаевте дека антиоксидансите од ова овошје го успоруваат процесот на стареење? Доколку здравствените бенефити од кајсијата не ви доволен мотив за да ј консумирате, тогаш можеби овој факт ќе ве предомисли.

Помага при слабеење

Кајсијата ја подобрува работата на системот за варење и така ја поттикнува работата на метаболизмот. Ако сте на диета, кајсијата е одличен избор за меѓуоброк – ве прави сити, а нема многу калории.

Ги зајакнува коските

Калциумот е потребен за да се развијат коските и да останат здрави, а кајсијата го содржи во големи количини. Добро е да се знае дека без доволно калиум, калциумот не се апсорбира добро во организмот, а добрата вест е дека во кајсијата ги има во голема количина.