Категории

Како да го добиете она што го посакувате?

Ова уверение е засновано врз идејата дека луѓето и нивните мисли се создадени од чиста енергија и дека таа енергија привлекува позитивна енергија.

Законот на привлекување е едноставен закон. Исто со исто се привлекува. Ние го привлекуваме оно за кое размислуваме (посакуваме, чувствуваме, веруваме) затоа што мислите се моќна алатка во овој свет.
Опуштете го својот ум, медитирајте од 5 до 10 минути.
Кога го правите ова, почувствувајте ја силата на умот и бидете во опуштена состојба на умот. Овој чекор не е обавезен но се препорачува.

Бидете сигурни што сакате и кога одлучувате не се сомневајте во себеси
Запомнете дека вие испраќате барање до универзумот кој е сочинет од мисли и затоа одговара на тие мисли. Знајте што точно сакате, ако не сте начисто и не сте сигурни, универзумот ќе добие нејасна фрекфенција и ќе ви испрати непосакувани резултати. Бидете сигурни дека тоа е нештото за кое имате силен ентузијазам.

Побарајте од универзумот. Направете свое барање
Испратете слика до универзумот за она што го посакувате. Тој ќе ви одговори, замислете како веќе да ви го исполнил тоа.

Напиште ја својата желба. Започнете со: „Јас сум многу среќен и благодарен сега…“ И завршете ја вашата реченица со желбата до универзумот за тоа што го посакувате
Напишете ја во сегашно време како веќе да ја имате сега. Избегнувајте негации. Секој ден додека вашата желба не се исполни, затворајте ги очите и замислувајте си дека вашата желба се исполнува токму сега.

Заислете како се чувствувате сега кога вашата желба е исполнета
Морате да се однесувате, зборувате и мислите како да ви е веќе одговорено. Ова е најважниот и најсилен чекор кога се применува законот за привлечноста затоа што тука тој започнува да делува и понекогаш кога го правите ова ќе се чувствувате како да не ви е повеќе потребно тоа што сте го посакале затоа што вие веќе чувствувате дека го псоедувате. Тогаш универзумот ќе ја манифестира вашта мисла и чувство и вие ќе го добиете.