Категории

Како да ја пронајдете вратата на „среќата“?

Ако се прашувате каде да ја пронајдете среќата и на која врата да почукате..

Кога ќе зачукате на некоја врата и кога ќе го прашате тој некој од другата страна: „Здраво, дали си ти можеби Среќа?“ додека нетрпеливо чекате тој некој од другата страна нешто да ви каже, чувствувате дека целото вашето тело го обзема некоја топлина и вашите образи заруменуваат од силна желба да добиете позитивен одговор, до вас допира реченицата: „Добар ден, јас сум Среќа.“

Звучи совршено и невозможно. Звучи непостоечко. Можеби, недостижно и нереално. Но тоа е вистина. Тоа е големата вистина за нашиот престој на земјата, додека ние дишеме. трагаме за она што ни мами насмевка на лицето, ни пружи мир во душата и ни дава огромна љубов во срцето. Но како да се стигне до таа врата на која ќе добиеме позитивен одговор?

Патот понекогаш е тежок, а понекогаш лесен. Се зависи од нас самите, затоа што живееме различни животи. Може да биде трнливо и магловито, но кој вели дека на крајот сонцето нема да изгрее повторно и нема да заплачеме од среќа и да извикаме „Зарем ова ми се случува мене?“
И колку да било тешко, ќе заборавиме на тоа еднаш кога ќе го пречекориме прагот на домот наречен Среќа. Во животот постојат многу предизвици, тие предизвици претставуваат препреки, но никогаш не престанувај да бараш, никогаш не престанувај да чукаш, повторно и повотрно, затоа што можеби баш на следната врата ќе го добиеш одговорот: „Да, јас сум таа Среќа која ја бараш.“

Прегледи:
648
Објавено на:
18.02.2020