Категории

Како да се расположите? – Нешта кои можете да ги правите кога сте тажни

Како да го претворите лошиот ден во поубав и поведар..

Доколку сте станале „на лева нога“ или едноставно имате лош ден, постојат многу начини на кои можете да го подобрите и се расположите. Следете ги овие совети.

-Направете нешто добро за некој друг

-Купете ја и изедете ја најдобрата чоколада која можете да ја набавите

-Гласно слушајте ја музиката која ја сакате

-Волонтирајте

-Пејте. Гласно, лошо, како што сакате.

-Ставете си некоја миризлива маска на лицето и опуштете се со чаша пијалок

-Направете попис на нештата кои моментално ги цените

-Испратете порака на некоја интересна личност која ја знаете. Без никаков повод, само да ги поздравите.

-Нарачајте голема пица и изедете ја самите.

-Вклучете видео за вежбање на youtube и движете се.

-Гледајте стари албуми или слики

-Повикајте пријател и облечете се како туристи и одете во обиколка на разгледување на вашиот град.

-Запишете се на јога, можеби ќе ви се допадне.

-Купете си го најголемиот сладолед или колач досега.

-Одете во парфимерија и мирисајте парфеми.

-Погледнете документарен филм за успешните луѓе.

-Напишете си писмо до себеси во иднина.

-Излезете од дома така што ќе се облечете во најубавото парче што го поседувате дури и ако изгледате како да одите на свадба.

-Одговарајте на прашања со прашања?

-Направете палачинки во забавни облици

-Купете смешни папучи

-Напишете приказна

-Купете хулахоп и вртете го во салонот