Категории

Како да закрепнете по болното раскинување?

Кога некој ќе не остави за кого верувме дека е љубовта на нашиот живот, се чини целиот свет застанува. Се чувствуваме дека никогаш повеќе нема да можеме да сакаме и да знаеме да продожиме понатаму. Како да не можеме да дишеме, а ни да живееме без таа личност.

Доколку се наоѓате во таа фаза, ако ве оставил некој во кого сте заљубени, или пак се уште не ве оставил, но гледате дека работите се движат во тој правец, природно е емоциите да ви бидат измешани. Ако чувствувате комбинација од себеобвинување и олеснување, ако сте длабоко во себе несреќни и малку радосни во исто време (бидејќи агонијата се завршува и конечно сфаќате дека вашата љубов не е доволна), треба да знаете дека тоа е потполно природно.

И не значи дека го губите разумот. Напротив, значи дека сте совршено нормални…

Понекогаш, раскинувањето (или разводот) навистина се најдоброто нешто што може да ви се случи. Но, колку и да ви изгледа неверојатно, па и невозможно сепак постои светло на крајот од тунелот, а вие ќе бидете повторно среќни. Само што во меѓувреме ќе мора да се потрудите малку повеќе, а не само да седите и да чекате да дојде тој момент.

Да земеме за пример, дека ви се дупнала гумата од автомобилот. Нема да земете стол, да седнете и да чекате да се случи магија и сама од себе да се напумпа, зар не? Истото важи и за раскинувањето. Ќе ви биде потребно време да преболите, но не значи дека треба само да чекате да дојде тој момент.

Најважно од се е да бидете добри и благи кон себе. Бидете свесни дека тоа што го чувствувате е сосема природно и дека не постои начин преку кој ќе дознаете кога точно ќе се чувствувате подобро. На повеќете луѓе по раскинување или развод, потребни им се околу две години да се опорават. Можеби во вашиот случај тој момент ќе дојде побргу, можеби и подоцна, но генерално – изцелувањето трае околу две години.

Ако сакате да си помогнете самите на себе и да направите нешто конкретно, направете мал план. Бидејќи некогаш и наједноставните работи можат да помогнат. Направете список на нешта кои сакате да ги направите, листа на свои соништа и цели. Потоа, тој список збогатете го со фотографии, цртежи или цитати кои ве инспирираат. И ставете го негде каде што ќе го гледате секој ден.

Така ќе имате нешто конкретно што ќе ве потсетува на она што треба да го направите во иднина, за да постигнете нешто што ќе ве направи среќни. Да, ве оставил некој кого сте го сакале, но се уште можете да го освоите светот. Тоа никогаш немојте да го заборавите.

 

 

Прегледи:
492
Објавено на:
24.07.2018