Можеби најдобро е воопшто да не конзумирате алкохол или да се напиете една, две чашки. Но кога веќе пиете, избегнувајте ги темно обоените пијалоци, како на пример црвеното вино и брендито, бидејќи тие содржат конгенери, состојка која се добива при процесот на ферментација и е виновникот за тежок мамурлак, а истата таа не ја содржат пијалоците со светла боја.
Пијте вода, многу вода
Не заборавајте додека пиете алкохол да конзумирате вода, наредниот ден ќе си бидете благодарни за тоа. За секоја испиена чаша алкохол, напијте се една чаша вода. Не заборавајте тоа да го сторите и пред да легнете да спиете.
Изедете банана
Покрај дехидратацијата која ја предизвикува алкохолот во телото, тој исто така го исцрпува калиумот од вашиот организам. Бананата е храна која е богата со калиум, па ви ја препорачуваме.
Овошен сок
Свежно исцеден сок, полн со витамини е она што му е потребно на вашето тело за да ви се врати енергијата. Свежо исцеден сок од портокал, лимон или пак смуди со банана и јогурт.
Наспијте се
Што повеќе спиете, толку полесно ќе го пребродите мамурлакот.
Чај од ѓумбир
Ако имате тежок мамурлак, проследен со гадење и мачнини во стомакот, шоља чај од ѓумбир ќе ви помогне.
Јадете пред да почнете да пиете
Тоа е старото златно правило. Храната е најдобриот лек и за мамурлак, особено јаглехидратите. Зготвен појадок наутро ќе ви помогне и ќе ви даде повеќе енергија, особено јајцата и месото, бидејќи се богати со цистеин, амино киселина која помага во прочистувањето од токсини.
Излезете на свеж воздух
Ова можеби е последното што би го направиле кога имате мамурлак, но кратка прошетка може навистина да ви годи. Кислородот го забрзува метаболизмот, со што токсините побрзо ќе излезат од вашето тело.
Женшен
Се користи за да се зголеми нивото на енергија, па токму тоа може да биде лекот на мамурното утро.
Супа
Особено од зеленчук. Полна е со витамини и минерали, кои ќе му помогнат на вашето тело да закрепне и лесно е сварлива.
Корнишони
Богати се со хранливи материи, вклучувајќи витамин А, железо, калиум, калциум и манган. Два, три корнишони може да ви помогнат да ги надополните витамините кои му недостигаат на вашето тело, а исто така се и нискокалорични.