Експериментите спроведени од психолози покажуваат дека се потребни само 10 секунди за да формираме мислење за личноста гледајќи ја само во лице.
При анализата на мажите, жените сепак не застануваат на лицето. Тие обрнуваат внимание и на фризурата, телото, ставот и многу други карактеристики:
Облека
Кога жената прв пат ќе го види мажот, таа ја оценува облеката која тој ја носи. Постојат 3 најважни правила кога станува збор за машката облека: чиста, релевантна и со чувство за стил.
Освен тоа, научните истражувања покажуваат дека облеката која ја носиме може да влијае на нашите перформанси, начинот на кој размислуваме, нивото на хормоните и срцевата фрекфенција.
Држење и одење
Енергичното, амбициозно и сигурно одење ги привлекува жените бидејќи покажува дека човекот е успешен. Човекот кој секогаш гледа надолу, нема исправен став, не ги подигнува нозете доволно високо кога оди- на потсвесно ниво делува како личност со проблеми.
Фризура
Долга или кратка, права или виткана, темна или седеста- преферирања има колку и жени. Најважната работа е косата да биде чиста и уредна.
Обувки
Мажите не би требало да потценуваат толку важен дел од изгледот. Жените секогаш приметуваат такви детали, баш како и кај облеката на мажите.
Тело
Повеќето жени сакаат мажи чие тело изгледа како превртен триаголник: широки рамена, тесни колкови и мал стомак. За жената, таквото тело е знак дека мажот е силен и здрав и може да ја заштити и неа и децата кои би ги имале.
Раце
Друг дел од машкото тело кому жените му посветуваат големо внимание, дури и ако имаат време за само еден краток поглед- се рацете. Ценат чисти машки раце со долги прсти и убав облик на ноктите. Изгрицкани нокти и заноктици покажуваат дека мажот е нервозен и не е сигурен. Најважната работа која ја покажуваат рацете е дали човекот е достапен. Сите жени проверуваат дали има прстен. Ако има прстен, повеќе нема потреба да се обрнува внимание на тој маж.