Категории

Канје Вест повторно ја тресе Америка – „Бог сака да бидам претседател, но коронавирусот сака да ме спречи“

Канје Вест е повторно во центарот со своите изјави. Тој долго време се обидува да заплива во политичките води и вели дека тој е единствениот кој може да ја направи Америка силна земја а во тоа ја има поддршката од Бог.

Контроверзниот рапер и музички продуцент Канје Вест својата претседателска кандидатура ја објави во јули, иако за неговиот интерес за претседателската столица се шпекулираше и многу порано. Како гостин во една од најпопуларните подкасти на светот, на комичарот и водител Џо Роган, Канје му откри што го натера да влезе во „рингот“.

„Почувствував повик. Познав дека тоа е нешто кое Бог го сака од мене, сака да бидам лидер на слободниот свет. Иако веќе бев водич во светот на хип хопот и мојата публика е целиот свет, ова е нешто друго и ново.
Не сум овде за да го срушам Трамп или Биден, овде сум да ја пренесам божјата порака“ – изјави Вест.

Службено во кампањата се приклучи доста подоцна, но Канје објасни и зошто не можело спротивно.

„Коронавирусот е виновен за се. Таа болест ми застана на патот и морав да седам дома во карантин наместо да се борам. Се тресев, постојано јадев супа и морав се да оставам настрана додека не се почувствував повторно спремен за битка. Но вербата секогаш постоела и таа ме водела на патот. Ќе ја направиме оваа земја силна. Баш онака како што сака Бог. – раскажува Канје.

Прегледи:
473
Објавено на:
26.10.2020