Категории

Кога ќе пуштиш погрешни луѓе во твојот живот ќе останеш без вистинските

Кога премногу погрешни луѓе ќе влезат во твојот живот, многу вистински ќе излезат од него.

Тоа не е никаква теорија, тоа е чиста физика затоа што човековиот живот имат простор само за одреден број луѓе, а на секој му преостанува да избере какви личности сака во него. Доколку поминувате време со оние кои ве исцрпуваат психички, крај онакви покрај кои треба да ги бирате зборовите и треба да ставате маска на лицето затоа што нема да ве прифатат какви што сте, тогаш само додека ја носите таа маска ќе успеете да ги задржите во вашиот живот.

Кога ќе пуштите премногу погрешни луѓе во вашиот живот, оние вистинските ќе излезат од него. Постојат луѓе кои се почитуваат себеси и нема да бидат покрај некој кој ја менува својата личност во согласност со тоа покрај кого се наоѓа. Кога ќе пуштите погрешни луѓе во вашиот живот ќе сфатите дека не само што сте се промениле вие, туку и вашиот живот се променил на полошо. Ќе престанете да уживате во малите убави нешта и ќе почните да се оптеретувате со неважни со кои се оптеретуваат и тие.

Ќе му дозволите на злото и негативноста да ве променат. Ако околу вас се опркужите со луѓе кои го вадат најдоброто од вас и кои ве прифаќаат онакви какви што сте, без да носите маска, тогаш од вас ќе зрачи светлина и ќе го промените и својот живот. Немојте да се прилагодувате на негативните луѓе, нека тие се прилагодат на вашата светлина, и секогаш останете верни на она што сте.

Прегледи:
697
Објавено на:
10.12.2020