Категории

Кои фармерки ќе бидат најмодерни оваа есен?

Овој пат ногавиците нема да бидат детал што ќе ја прави разликата, туку појасот!

Моделот на фармерки со двоен појас, станува бавно но сигурно водечки тренд оваа есен. Елса Хоск, Џиџи Хадид и многу други модни инфлуенсерки веќе ги прошетаа низ улиците на светските метрополи.

 

Овој стил е лесен за комбинирање со основните парчиња гардероба како и стандардните фармерки: Носете ги со бели маици, кошули, кратки блузи… Притоа, овој дизајн совршено ја нагласува половината, па затоа е подобро да ја вметнете блузата во фармерките, да носите кратки блузи или да користите ремен за да го потенцирате двојниот појас.

 

Подолу, откријте три фантастични комбинации.