Категории

Кралицата Елизабета наполни 93 години

Британската кралица Елизабета II вчера го прослави својот 93 роденден кој оваа година се совпадна со одбележувањето на Велигден по Грегоријанскиот календар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fewofherfavouritethingsxx on

 

Кралицата заедно со другите членови од кралскиот двор присуствуваше на велигденската миса во една мала црква во палатата Виндзор.
Официјалното одбележување на роденденот на кралицата е во јуни за време на посебната парада.
Од 1748 година со парадата „Trooping colour“ се одбележува роденденот на монархот и таа манифестација се организира во втората сабота во јуни, без разлика на датумот на раѓање на монархот.
Кралицата Елизабета II е најдолгиот владетел во британската историја.
За велигденската миса кралицата избра азурно син капут и соодветен шешир. А Кејт Мидлтон, како и секогаш  со совршен моден стајлинг- овој пат усогласен со тој на кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gheir.com (@gheir) on