Категории

Креирајте подобар ден – Разбудете се расположени и мотивирани

Ви споделуваме неколку одлични совети како да си го подобрите расположението уште од самиот почеток на денот:

Понекогаш се будиме лошо расположени, потполно немотивирани, без никаква желба да правиме ништо. Меѓутоа, лошото расположение не е природна состојба на човекот, без оглед на тоа што често така мислиме и се будиме депресивни и без елан.

Ако останете во негативно расположение, ќе имате уште еден таков ден, меѓутоа ако се потрудите можете да имате многу подобар ден. Ви споделуваме неколку одлични совети како да си го подобрите расположението уште од самиот почеток на денот:

-Кога ќе легнете во кревет, пред да заспиете размислувајте за позитивни нешта.

-Кажете си на себеси дека денес ќе биде добар ден.

-Разбудете се неколку минути порано.

-Немојте да го започнете денот со нервирање. Немојте да дозволите премногу слаткото кафе или некоја друга ситница да ве изнервира.

-Правете ментални забелешки на нештата кои морате да ги извршите.

-Пронајдете инспирација. Читајтесе нешто позитивно, а не црна хроника и вести.

-Појадувајте здрав доручек.

-Добро би ви дошле вежби и истегнување.

-Обрнете внимание на хигиената и изгледот.

-Дајте си комплимент.

-Смирете се. нема причина да делите неправда или да се нервирате.

-Прифатете го позитивниот став и свесно трудете се да бидете позитивни спрема сите.

-Размислете добро пред да делувате.

-Организирајте го своето време мудро.

-Немојте да се разочарувате поради неуспесите и поразите. Никој не е совршен.

-Бидете љубезни и културни.

-Држете се понастрана од негативните луѓе.

-Планирајте го вашиот ден од самиот почеток и организирајте ги сите свои обврски, така нема да да се нервирате дали ќе имате време да извршите нешто и нема да бидете во постојана трка. Користете планер.

-Вечерите поминувајте ги квалитетно, а не пред телевизор.

-Испијте чај кој ќе ве опушти и подгответе си топла купка.