Категории

Марамите се хит детал и оваа есен

Марамите беа водечки тренд минатото лето, а подеднакво популарни ќе бидат и оваа есен.

Тие се многу применливи затоа што можете да ги комбинирате на различни начини, а во последните неколку месеци тие започнаа да се користат и во секојдневните комбинации.

Судејќи според трендовите што ги следиме на социјалните мрежи, оваа есен ќе се носат на најразлични начини, а особено популарни се како детал за коса.

Подеднакво добро, марамата може да изгледа како декоративен детал на торба, завиткана околу зглобот на раката или завиткана околу вратот.

Без оглед за кој начин ќе се одлучите, тие ќе го комплетираат вашиот изглед и ќе изгледате многу шик! Ако сте ги сакале луксузните 80-ти, овие марами се вистинскиот избор за вас, ако сакате ретро облека која се издвојуваат со елеганција.

Прегледи:
529
Објавено на:
05.09.2019