Категории

Мажот, жената и лебот – Поучна приказна полна со љубов

Поучна приказна полна со љубов која ќе ви го стопли срцето

На денот на нивната триесет годишнина од бракот, жената како и обично испекла леб.

Го печела секое утро, тоа било нивна традиција. Исекла две парчиња од лебот и двете ги премачкала со путер. Како и обично, парчето од средината му го давала на сопругот, а за себе го оставала крајот, но овој пат не го направила тоа, наместо помислила „Денес славиме триесет години од бракот, ја сакам средината од лебот за мене. Сонувам за неа веќе некое време. Бев примерна жена триесет години, ги воспитував нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку многу за доброто на нашето семејство.“

Одлучила да му го даде крајот на сопругот, но раката и затреперила што ја прекинува традицијата стара триесет години.

Мажот го зел парчето леб и и рекол на жената: „Денес ми даде прекрасен поклон, драга. Сите овие триесет години немав јадено леб од крајот кој толку го сакам затоа што е сепак правично ти да го добиеш она што го сакаш. Фала ти!“

Прегледи:
547
Објавено на:
30.03.2020