Категории

Меган Фокс на црвен тепих за прв пат после 5 години – Воодушеви во гламурозна сатенска тоалета

Актерката која се повлече од јавноста, се појави на црвен тепих во стајлинг кој ги освои сите погледи

Меган Фокс присуствуваше на настанот организиран од Global Green, здружението за заштита на природата и амазонските дождовни шуми во придружба на нејзиниот сопруг актерот Остин Грин.
Актерката која е голем поборник во заштитата на животната средина, постојано учествува во вакви кампањи но поретко се појавува на јавни настани и свечености.
За оваа прилика таа носеше розова свилена тоалета од брендот Blumarine од колекцијата пролет/лето 2020. Нејзиното последно појавување на црвениот тепих беше во 2013 година на доделувањето на наградите Golden Globe.

Прегледи:
480
Објавено на:
13.12.2019