Категории

Модни трендови од социјалните мрежи за ова лето

Каде и да барате модна инспирација- на улица, на Пинтерест, Инстаграм или друго место, има голем број на трендови кои го пробија својот пат пред очите на вљубениците во модата ова лето. Инстаграм е извор на инспирација за следбениците на модата заради добра причина- на оваа апликација се прикажуваат и посмели модерни парчиња, а воедно се испраќа пораката дека добриот стил не мора да доаѓа со луксузна цена.

Проследете ги следниве Инстаграм трендови и шик парчиња кои можете да си дозволите да ги вклучите во вашата гардероба ова лето. Од тексас од 90- тите до ретро дезени, има по нешто за сечиј вкус.