Категории

На крајот нема да ги паметиме овие нешта

Нема да ги паметиме нештата кои сме ги платиле со пари, туку оние кои сме ги платиле со душата. Ќе го паметиме сето она кое оставило длабока трага во нашето срце и го одредило нашиот живот.

На крајот нема да ги паметиме ударите кои сме ги претрпеле од луѓе за кои никогаш не сме знаеле дали ни се пријатели или непријатели

Нема да ги паметиме нити препреките преку кои сме преминале на патот до целта. Нема да ги паметиме нити соништа кои сме ги имале затоа што нема да можат нити да се набројат. Ќе паметиме само луѓе кои биле со нас и останале покрај нас до крајот и ни покажале дека сме можеле да се потпреме на нив кога ни било тешко.

На крајот нема да ги паметиме разочарувањата на оние кои се колнеле дека ќе останат со нас и се колнеле дека ќе ни бидат поддршка во тешките мигови. Нема да ги паметиме задкулисните игри со кои некој се обидувал да не понижи и да стекне некоја корист врз нашата штета. Нема да ги паметиме нити лагите кои ни кажале луѓето затоа што се плашеле дека вистината може да ги повреди нив или нас. Ќе ги паметиме само добрите траги кои останале со нас, трагите на добрина и љубов.

На крајот нема да паметиме низ колку бури сме морале да поминеме. Нема да паметиме нити какви односи сме имале со другите, затоа што поголемиот од нив ќе бидат со краток рок на траење. Нема да паметиме на кого сме му ја дале нашата доверба а од кого сме бегале, кого сме сакале а од кого сме се плашеле. Нема да паметиме каде сме погрешиле и кои нешта сме ги пропуштиле. Ќе го паметиме само она кое сме го направиле кога сите ни зборувале дека нема да успееме.

Нема да паметиме кој се влегол во нашиот живот, кој колку се задржал а кому му било убаво а кој се чувствувал како странец. Нема да паметиме кој бил тука заради себе, а кој се одлучил само малку да се прошета. Ќе паметиме само на кого сме се предале целосно. Нема да ги паметиме нештата кои сме ги платиле со пари, туку оние кои сме ги платиле со душата. Ќе го паметиме сето она кое оставило длабока трага во нашето срце и го одредило нашиот живот.

Прегледи:
515
Објавено на:
02.02.2020