Категории

На одмор само во БЕЛО – Кралицата Летисија во 3 прекрасни фустани без кои летната сезона е незамислива

Белата боја е симболот на летото, а тоа го докажа кралицата Летисија која за својот одмор оваа боја беше нејзиниот најчест избор

Шпанското кралско семејство после напорната работна турнеа низ шпанските провинции одлучи малку да одмори на преубавите шпански острови.
А оваа прилика е вистинско уживање за сите модни фанатици со оглед на тоа што имаа прилика да го проследат опуштениот летен стил на кралицата Летисија која важи за една од најситакнатите модни икони на денешницата.
Како и секогаш, така и за оваа прилика таа воопшто не не разочара.

1.Кошула-фустан
Кралот, кралицата и принцезите наследнички Леонор и Софија најпрво отпатуваа во Палма каде посетија еден сициоедукативен центар.
Шпанската кралица воодушеви со модниот зибор на лесен кошула-фустан од брендот Vintage Imiza, со вез во вид на цветови кој го искомбинира со омилените еспадрили од модната куќа Macarena.

2.Лепршав фустан
При посетата на островот Менорка, кралицата повторно избра бел фустан на прерамки во лепршав крој украсен со карнери, секако го искомбинира со еспадрили на висока пета кои се нејзин омилен модел на обувки за ова лето.


3.Елегантен фустан со карнери
Кралот и кралицата посетија едно археолошко наоѓалиште а за оваа прилика кралицата Летисија не маѓепса со уште еден избор на бел фустан со карнери, од брендот Charo Ruiz Ibiza кој носи назив Aida lace long dress, повторно комбинирајќи го со омилените епадрили од брендот Macarena.