Категории

Најпопуларниот модел на здолниште кој ќе доминира претстојната пролет

Модно парче во кое ќе се вљубите

Дури и оние девојки кои не се големи обожавателки на здолништа па повеќе сакаат да уживаат во панталони, фармерки и комбилизони а и се останато, овој тренд апсолутно ќе го обожаваат.

Деновите кога можеме барем малку да уживаме во сонцето полека ни пристигнуваат иако сепак мораме да бидеме уште малку трпеливи додека да стигне пролетта, но кога се во прашање трендовите нив воопшто не им се чека па трендсетерките веќе го прогласија овој модел на здолниште за парче кое ќе ја одбележи пролетта.

Се работи за кожната миди здолниште со копчиња. Овој модел е воедно и елегантен и шик и сензуален. Можете да го носите во секаква прилика, со потпетици, рамни чевли, чизми и патики а тоа е повеќе од доволно зошто ќе ни биде омилен.

 

Прегледи:
458
Објавено на:
13.02.2020