Категории

Најшармантниот романтичен тренд кој ќе ги освои девојките оваа година

Ниедна девојка нема да може да му одолее

Уште минатата година беа најавени најголемите трендови за 2020 година. Покрај класичната сина која е прогласена за боја на годината, ни доаѓаат и многу дезени кои ќе доминираат во модниот свет а еден од нив е дезенот наречен ‘polka dot’ или точките.
Овој дезен не само што ќе внесе разиграност и свежина во вашиот стил, исто така дава и суптилна доза на елеганција, романтичност и женственост инспирирана од бесвременскиот француски шарм.

Кошули, здолништа, фустани со волуменозни ракави, без сомнение тој ќе ја освои секоја девојка. Во продолжение ви издвоивме неколку модни изгледи кои можат да ви послужат како инспирација како да го вметнете во вашиот стил.

Прегледи:
484
Објавено на:
15.01.2020