Категории

Најважните мудрости на кои нѐ научи „Малиот Принц“

Еве на кои нешта не научи ова прекрасно дело

„Малиот Принц“ е дело кое Антоан де Сент-Егзипери го напишал во 1943 година, во миговите кога го мачеле сопствените демони и лошото здравје, но надежта и емоциите кои ги внел во приказната за малиот принц кој доаѓа на Земјата од некоја далечна планета, ја осликаја неговата визија на љубовта, пријателството, заедништвото, романтиката, фантазијата..

„Малиот Принц“ е третата најпреведувана книга на светот, преведена е на повеќе од 250 јазици и дијалекти, годишно се продаваат околу два милиони примероци, и прогласена е за најдобра книга на 20-от век во Франција. Освен во книгата, „ќе го сретнете“и на малите екрани, на големото платно, на радио-драми, балет, опера..

Еве на кои нешта не научи ова прекрасно дело:

За децата и возрасните
„Сите возрасни некогаш биле деца.. Но само неколку од нив се сеќаваат на тоа.“

„Возрасните сакаат броеви.. Кога ќе им кажеш дека си стекнал нов пријател, никогап не прашуваат ништо важно. Не прашуваат – како му звучи гласот, кои игри ги сака.. Наместо тоа, прашуваат – колку години има, колку е тежок, колку заработува неговиот татко? И само поради тие броеви мислат дека откриле нешто за него.“

„Живеев меѓу возрасните. Ги видов лично, одблиску. И тоа не го подобри многу моето мислење за нив.“

„Луѓето во возовите спијат или се проѕеваат. Само децата го притискаат носот врз стаклото од прозорецот, само децата знаат во што гледаат.“

„Детството е друга земја, но и чекална, место за прифаќање и сместување.“

За луѓето и Земјата
„Луѓето завземаат сосема мало место на Земјата.“

„Многу е потешко да судиш за себе, отколку за другите. Ако успееш да се осудиш себеси, ти си човек со голема мудрост.“

„Ако оди само право, никој не може да стигне многу далеку.“

„За патниците, ѕвздите се водичи. За сите останати, тие се само малечки светла.“

За пријателството
„Луѓето купуваат нешта кои ги чекаат готови во продавниците. Но никаде не постои продавница во која можеш да купиш пријателство.“

„Ќе живеам на една од ѕвездите. Ќе се смеам на неа. И така, ќе биде како сите ѕвезди на небото да се смеат, кога на ноќе ќе погледнеш во него. И само ти ќе имаш ѕвезди кои се смеат.“

За љубовта
„Времето кое си го изгубил поради таа ружа, е всушност она што ја прави важна.“

„Само кога гледаш со срцето, гледаш вистински. Она најважното не може да се види со окото.“

„Кога нешто ќе припитомип, станува одговорен за него засекогаш.“

За односите
„Тајно е тоа место, земјата на солзите.“

„Зборовите се извор на неспоразум.“

„Морам да го издржам присуството на неколку гасеници, доколку сакам да ги запознаам пеперутките.“

„Она што ја прави пустината прекрасна, е фактот дека таа некаде во себе крие извор.“

„Убава си, но си празна. Никој не би посакал да умре поради тебе.“

„Куп камења престануваат да бидат куп камења во мигот кога еден човек ќе погледне во него, а во себе гледа слика на катедрала.“