Категории

Направете домашен тоник за отстранување на шминка

Сите дами добро го знаат чувството кога ќе се вратат дома уморни и во моментот кога ќе посегнат по тоникот за отстранување шминка ќе забележат дека тој е празен. Во прилог прочитајте од кои состојки можете сами да направите тоник.

1. Краставица+млеко

Краставицата како зеленчук богат со вода и хранливи материи потребни на кожата е вклучена во многу козметички производи. Таа е еден од најдобрите производи кои можат да се искористат за отстранување на шминка.

Потребни состојки: 1 краставица, половина филџан млеко.

Подготовка: Исецкајте ја краставицата на коцки, или пак изрендајте ја. Додадете млеко и варете 10 минути. Оставете да се олади. Нанесете ја мешавината на вата или тупфер, па нежно отстранете ја шминката. Оваа комбинација покрај тоа што ќе ја отстрани вашата шминка исто така и ќе ја хидрира кожата.

2. Банана+соино млеко

Потребни состојки: 1 банана, 1 лажица соино млеко.

Подготовка: Изгмечете ја бананата,па додадете го млекото. Промешајте за да се соединат состојките, па нанесете ги на лицето. Почекајте 10 минути и измијте со млака вода. Покрај тоа што ќе се отстрани шминката- вашата кожа ќе биде нахранета и мека.