Категории

Направете сами: Искинати фармерки

Моменталниот тренд на искинати и износени фармерки, чини прилично скапо, а добивате уништен материјал. За да не фрлате пари, може да пробате сами да ги направите овие тренди фармерки, доколку имате стари и износени фармерки, кои повеќе не ги носите.

Има повеќе начини како може да ги направите овие фармерки, а се зависи од вашите желби и од алатот што ви се наоѓа при рака. Ви предлагаме неколку начини, од каде може да црпите инспирација и да ја научите техниката.