Категории

Не бидете восочна фигура која другите ќе ја обликуваат – Бидете автентични самите на себеси

Се додека тежнеете кон туѓото одобрување никогаш нема да бидете на вашиот пат, ќе чекорите по оној кој ви го одредуваат другите и вашата зависност од нивниот аплауз, тоа не сте вие, тоа е вашата суета.

Зборовите на другите немаат никаква важност во однос на она кое си го зборувате на себеси тивко во ноќта. Какво мислење имате самите за себе е многу поважно од туѓото одобрување, пофалби и бодрење. Нивните зборови се само нешто кое вашето его посакува да го чуе, она кое би сакале вистински да го видите кај себеси, но што зборува вашиот внатрешен глас?
Какви пофалби вие си давате на себеси? Дали се исто толку охрабрувачки како кога излегуваат од туѓата уста?

Единствената вистина за која треба да се грижите и треба да ја знаете е таа ја имате за себе. Наместо да се трудите да им удоволите на другите, да се издигнете во нивните очи, обидете се да се издигнете во своите. Само тогаш ќе бидете вистински горди на себе, само тогаш ќе знаете дека сите пофалби имаат вистинска вредност. Се друго е само празно ласкање.

Се додека тежнеете кон туѓото одобрување никогаш нема да бидете на вашиот пат, ќе чекорите по оној кој ви го одредуваат другите и вашата зависност од нивниот аплауз, тоа не сте вие, тоа е вашата суета. Не дозволувајте да станете восочна фигура која ќе биде обликувана според туѓата замисла, бидете свое ремек дело, па и колку да изгледа хаотично во очите на другите, важно е да сте автентични на самите себеси.