Категории

Не плашете се, некој од горе секогаш внимава на вас

Постои една легенда во индијанската култура за обредот на преминување на момчињата во зрелата доба. Според неа, таткото треба да го одведе својот син длабоко во шумата, да му стави превез преку очите и да го остави сам.

Од момчето било потребно да седи без да се помрдне цела ноќ на едно пресечено стебло и притоа никако не смее да го извади превезот од очите се додека не ги почувствува првите зраци на сонцето на своето лице. Не смее да плаче нити да повикува помош. Кога ќе ја преживее ноќта, ќе стане ЧОВЕК.

Забрането му е да зборува со останатите момчиња за своето искуство, затоа што секој од нив мора да влезе во зрелата доба на свој начин. Момчето секако било премногу исплашено. Можело околу себе да слушне секакви видови на звуци. Од крикови на диви ѕверки, разни птици, па до оддалечени гласови на луѓе кои така би можеле да го повредат или можеби убијат. А постојано го чувствувало шумот на ветрот кој во лицето му ја носел тревата и земјата. Но сепак малиот индијанец сето тоа храбро го поднесувал. Знаел дека тоа е единствен начин да се претвори во зрел човек.

Конечно, после ужасно преживеаната ноќ, излегло сонцето и тој можел да го извади превезот од очите.
Дури во тој миг малиот индијанец открил дека неговиот татко цело време седел покрај него на другото пресечено стебло и внимавал да не му се случи нешто лошо.

Исто така и ние не сме сами. Некој секогаш внимава на нас. Нашиот татко – Бог!

Прегледи:
840
Објавено на:
04.03.2020