Категории

Не плаши се да ги искажеш своите чувства – Немаш што да изгубиш, но имаш многу да добиеш

Гордоста никому не донела ништо добро. Немој да дозволуваш твоите чувства да гнијат внатре во тебе само затоа што чекаш тие први да ги искажат своите..

Гордост. Гордоста никому не донела ништо добро. Немој да дозволуваш твоите чувства да гнијат внатре во тебе само затоа што чекаш тие први да ги искажат своите, или затоа што се плашиш дека ќе изгледаш слабо или можеби ќе бидеш одбиен.
Немој да патиш во себе само за да изгледаш нескршлив во очите на другите. Престани да ги ставаш нив на прво место, доста се грижиш што мислат другите.

Без оглед на нивниот одговор, да или не, важно е дека ќе се ослободиш од тежината која ги притиска твоите гради, ќе дишеш слободно.

Оди и кажи им на оние кои ги сакаш, кажи им го тоа и избери ги најреалните зборови, оние кои вистински сакаш да ги кажеш и ги чувствуваш. Кажи им на оние кои ти недостигаат дека посакуваш да ги прегрнеш, кажи му на личноста кон која чувствуваш бес се што сакаш да му кажеш, само не дозволувај сето тоа да се насобира во тебе.

Еден ден ќе стане премногу тешко, еден ден ќе отвори толкави рани што ништо нема да може да ги излечи. Не плаши се. Немаш што да изгубиш, но имаш многу да добиеш.

Прегледи:
453
Објавено на:
01.07.2020