Не ја префрлувајте одговорноста на туѓи рамена за се што ви се случува во вашиот живот
Големо искушение е да се одолее на тоа некој друг да се обвини за тоа што ви се случува во вашиот живот, но во тешките мигови пронајдете сила и прифатете го фактот дека за некои неуспеси главниот виновник сте вие, но и креатор на сите ваши успеси.
Прифатете го фактот дека минатото не може да се промени – готово е.
Можеме да влијаеме само на нашата иднина и она што сега го правиме. Не очекувајте иднината да биде пријатна сама по себеси, направете се што можете да би си овозможиле подобра иднина.
Исфрлете ги илузиите дека можете некого да го промените. Потсфесно сите имаме наивна илузија дека можеме некого да го промениме, а затоа што не можеме – патиме.
Само околностите можат да ги променат луѓето – сето останато е само лажна перцепција. Дозволете им на другите да бидат она што се. Ако го прифатите тоа можете да почнете да уживате.
Не трошете го времето и енергијата на оние на кои не им е гајле за вас и кои не ве сакаат.
На овој свет постојат многу луѓе кои ве сакаат и со кои ќе имате живот полн со радости. Само немојте да бидите затворена и сомничава личност, верувајте, личноста која е пријатна и отворена спрема другите е пожелна насекаде.