Категории

Не зборувај – Делувај!

Нашето време е преполно со убави зборови. Но за делата не би можело да се каже истото. Полесно е да се зборува отколку да се делува..

За некој побожен човек се зборувало дека додека поминувал низ градот сретнал девојче со парталава облека кое барало милостиња. Поминувајќи покрај него помислил: „Господе, како можеш да го дозволиш ова? Превземи нешто!“ Потоа додека траел телевизискиот дневник, забележал језиви слики од деца кои умираат од глад. Поторно му се обратил на Бог: „Господе, каква е оваа сиромаштија. Те молам направи нешто!“

Одеднаш слушнал јасен глас: „Јас веќе направив – те создадов тебе!“

Прегледи:
726
Објавено на:
12.03.2020