Категории

Необична иновација социјална дистанца за гостите во еден кафе-бар во Германија

Животот полека со лесни чекори веќе се враќа во нормала во голем дел од европските земји

Среде големата пандемија на коронавирусот бевме скратени од многу нешта, но постепено веќе се почнува да се враќа на свое место. И понатаму важи апелот за држење на социјална дистанца со цел максимално спречување на ширењето на вирусот Covid-19.
Со ублажувањето на мерките дозволено ни е да се движиме повеќе и да поминуваме време на отворено.

Градовите кои повторно заживеаа и чии граѓани се вратија на своите работи и други активности, покажаа огромна свест околу загриженоста но и значителна доза на креативност кога се работи за мерките за претпазливост. За што станува збор?
Еден кафе-бар во Германија на своите гости им нуди можност да уживаат во своите омилени пијалацо и топлото сонце, но со еден мал додаток. Во прашање е необичен шешир, специјално смислен за да ги држи гостите меѓу себе на неопходното растојание.

Шеширите се всушност доста едноставен проект, направени се од сунѓери кои се користат при часови за пливање. Бидејќи луѓето ширум светот едвај ја дочекаа можноста да излезат од своите домови и да испијат кафе во својот омилен кафе-бар, една кваква креација беше вистински пријатна и позитивна. Кафе барот именуван како “Café Rothe Schwerin” е заслужен за појавата на овие интересни шешири кои освен стандардната препорака за оддалеченост, поврзана за столиците од 1,5 м, додаваат дополнителна дистанца помеѓу луѓето и на тој начин им овозможуваат да уживаат без да се плашат дека можат да бидат заразени.