Непроценливо е да не влегуваш во туѓи животи, да не се замараш со тоа кој што прави, кој што мисли и зборува, туку едноставно, без многу филозофија да го живееш само својот живот.
Непроценливо е да престанеш да се жалиш на малите нешта, проблемите кои некогаш ги преценуваме и да бидеш свесен дека би можело да биде многу полошо.
Непроценливо е да се ослободиш од лошите навики, но уште повеќе да се ослободиш од сите оние лоши луѓе во твојот живот кој те оптеретуваат, те прават нервозен и несреќен.
Непроценливо е да се потпреш на своето искуство и да тргнеш напред низ животот и да бидеш свесен дека слободата е најголемиот подарок кој не се заменува со ништо во живтот. Да пронајдеш стотина причина за насмевка кога животот ти нуди деведесет и девет причини за плачење. Непроценливо е да имаш можност да направиш чекор назад но само за да земеш залет за нова животна шанса и да оставиш се зад себе и оние кои ти зборувале дека нема да успееш.
Вредно е да се знае дека она што го имате може да го има и некој друг, но непроценливо е да бидете свесни дека она што сте вие другите не можат да бидат никогаш, колку и да се трудат. Да му дадеш шанса на денешниот ден да не биде како сите останати туку да пронајдеш нешто во него што ќе го направи подобар од сите останати.
Многу нешта се непроценливи, и сите тие ги имаш само е потребно да погледнеш подобро и да сфатиш и научиш дека треба да го цениш сето тоа.