Категории

Несекојдневен уметник: Не може со раце, па црта со уста

Алана Тилман вози кола, мие садови и ги мие забите користејќи ги своите стапала, а исто така ги користи нив и нејзината уста да создава  уметнички дела.

Оваа 33 годишна жена почнала да црта на околу 4 години, а родена е со aртрогрипоза, болест заради која не може да ги користи нејзините раце.

„Морав да најдам начин како да го напишам моето име во градинка, па логично беше да ставам молив во уста“ раскажува Алана, “Дури и пред да започнам со школо, веќе пишував и цртав со молив или пенкало.“

Таа имала голема подршка од семејството и најблиските, татко и е архитект, па според неа затоа уметноста и доаѓа природно и затоа добива голема подршка во нејзиниот уметнички живот.

Со текот на времето го усовршила цртањето, па уметноста од хоби прераснала во кариера.

Инаку, сака да ја препознаваат по убавината на нејзините дела, а не по начинот на кој таа ги создава. Таа не е ни прва, ни последна која црта со нејзината уста, има многу уметници со одреден инвалидитет, а постои и организација формирана во 1956 година  Mouth & Foot Painting Artists, која се занимава со помош и подршка на уметниците со инвалидитет.

Прегледи:
538
Објавено на:
01.04.2016