Категории

Невеста и младоженец на нивната свадба направиле преубав гест за нивните баби

Овие младоженци направиле нешто навистина убаво за нивните втори мајки, односно баби. На жените кои ги сакале, чувале и секогаш биле покрај нив, им дадоа посебна улога на нивната венчавка.

flowergirls7

Вообичаено за фрлањето на цвеќиња на свадбите се задолжени мали девојчиња, но на венчавката на Џош и Маги Вејкфилд таа улога ја имале нивните баби. Облечени во исти фустани, насмеани и среќни, овие две жени уживаа во свадбената церемонија.

„Таа ми е како втора мајка. Имам премногу спомени со неа, многу време поминувавме со сестра ми кај неа, не чуваше и правевме колачиња. Моите баба и дедо ми биле голема подршка во животот, затоа научив да ги ценам нивните приказни и мислења.“ раскажува Маги.

Исто така и Џош е близок со неговата баба Дру. „Таа имаше огромно влијаение во мојот живот.“, а Маги додава „Таа е една од најнежните, грижливи и внимателни жени кои ги знам.“

Раскажуваат дека бабите биле многу среќни кога ги прашале дали би сакале да ја имаат таа улога, со задоволство прифатиле, а на денот на свадбата биле премногу среќни и се забавувале до крајот на вечерта.

flowergirls1 flowergirls2 flowergirls3 flowergirls5 flowergirls6

Прегледи:
552
Објавено на:
19.07.2016