Американската Национална академија на науките даде нов прилог на тезата дека коронавирусот може да се шири и преку воздухот а ен само преку капките кои се испуштаат при кашлање и кивање
Иако студиите не се завршени, резултатите достапни од истражувањата укажуваат на аеросолизација на дишењето, напиша Харви Финберг, претседател на Одборот за инфективни болести и здравствени ризици во писмото доставено до Белата куќа.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и останатите здравствени организации до сега инсистираа на тоа дека примарниот начин на пренесување на тешкиот акутен респираторен синдром САРС-КОВ-2 е преку респираторни капки, кои луѓето ги исфрлаат преку кашлање и кивање.
Дејството на тие капки е од 1-2 метри а вирусот може да се задржи на површини од каде луѓето може да го „превземат“ преку допирање на устата, носот или очите.
Меѓутоа, ако Covid-19 се наоѓа во човековиот здив, заштитата од него станува се потешка, па според тоа се препорачува сите луѓе задолжително да носат маски во јавност со цел да се намали несвесното пренесување на вирусот од личност со асимптоматски облик на заразата.
Дебатата за ваквиот начин на пренесување започна порано оваа година, а Финберг и неговите колеги од НАС во студијата укажаа и на останатите истражување, во кои беа изнесени докази за вурусната РНА во изолационите соби на пациентите кои се лечеле од Covid-19.
Вирусната РНА е откриена на тешко достапни површини како и на примероци од воздухот на оддалеченост од два метри од пациентите.