Отворените обувки летно време се најчестиот избор, а ниедна жена не сака да покаже несредени стапала со сува и задебелена кожа.
Исто така, знаеме дека не сме сите во можност да посетуваме козметички салони и да одиме на педикир барем еднаш во месецот. Затоа, бидете сами свој мајстор и уредете ги стапалата со состојки од кујната. Овој рецепт е многу едноставен, а се што ви е потребно се следниве состојки:
- 1/2 зрела банана
- лажичка мед
Бананата изгмечете ја со вилушка додека не добиете каша и потоа во неа измешајте го медот. Смесата од овие две состојки нанесете ја на стапалата со фокус на петите на кои кожата е најтврда, па потоа замотајте ги стапалата со проѕирна фолија и оставете маската да делува барем 15 минути.
Потоа, едноставно отстранете ја фолијата и измијте ги стапалата со топла вода и направете пилинг со турпија на стапалата. Откако ќе ги избришете стапалата со пешкир, нанесете крема за тело, за да ги хидрирате. Овој третман е идеален да го направите пред спиење.