Категории

Оливиа Палермо во беспрекорна беж комбинација одржа модна лекција на њујоршките улици

Оливиа Палермо како една од највлијателните модни икони на денешницата, не не изненадува со своите модни избори затоа што е секогаш беспрекорно стилизирана од глава до пети.

Овие денови таа беше забелажана во својот роден град Њујорк во шик комбинација, спојувајќи го лежерниот и елегантниот стил во беж одело, тренерка и рамни чевли. Одлична модна лекција за секоја деловна дама која сака да изгледа професионално и комфорно во исто време.