Категории

Омбре варијантата на фарбање е повторно во мода. Погледнете кои нијанси се враќаат оваа сезона!

Се прашуваме дали популарниот омбре некогаш ќе излезе од мода, а судејќи по најновите трендови изгледа нема. Техниката на бојадисување на косата која е популарна веќе со години и од сезона во сезона станува се посовршена.

И додека кај класичното омбре поголемиот дел од косата е темен и полека се осветлува кон краевите, кај новата варијанта е обратно. Сега е ИН да оставите повеќе од 2 цм подрасната коса, а остатокот да го офарбате во посакуваната посветна нијанса.

Практично и многу ефектно, бидејќи ќе ја добиете посакуваната нијанса, а фризер може да посетувате еднаш на 6 месеци. Хејли Болдвин, Кајли Џенер, Роузи Хантингтон Вајтли се само дел од познатите дами кои веќе го пробаа на својата коса најновиот тренд, а покрај тоа се осмелија и да ја надоградат косата.