Категории

Ослободи се од болните сеќавања за да направиш место за новите убави и среќни

Во животот треба еднаш да направиш место и за новинешта. Да се ослободиш од се што те кочи.

Со текот на времето и со годините во животот се насобира толку многу „отпад“ што едноставно не можеме повеќе да одиме напред. Постојаното враќање на старите грешки, изгубените битки и пропаднатите односи ни го отежнува патот кон иднината. Треба еднаш да се стави крај на сите тие нешта, и да кажеме „Без тоа може да се живее, без тоа мора да се живее и едноставно не смеам повеќе да се враќам назад онаму каде што не припаѓам, таму каде повеќе немам мир“.

Треба да се ослободиме од навиките кои со текот на годините се натрупуваат и ни создаваат повеќе зло отколку добро. Неѓта кои воопшто ни користат. Нешта кои не ограничуваат и не врзуваат за минатото.

Треба во животот да се ослбодиме и од луѓето кои се тука само на минување. Да ги погледнеме раните и лузните кои ги носиме на себе и да се прашаме што тие не учат и кои лекции ни ги оставиле во животот. Треба да се прочисти животот за да се направи место за новите убави нешта кои доаѓаат.

Нема смисла да чуваме се во себе затоа што тоа не успорува и умртвува, не нагризува и оптеретува. Потоа се станува многу поинакво. Без штета и тешкотии. Прочисти ги мислите, чувствата, избери го она кое те води напред а останатото исфрли го.

Прегледи:
570
Објавено на:
10.12.2020