Категории

Оттргнете се од сите луѓе кои се како мрачен облак среде сончево небо

Престанете да престојувате во опкружување кое ве прави да се чувствувате измачено и уморно и да се прашувате што не е во ред со вас. 

Човека го празнат бесмислени разговори, трачеви и оговарања, го празнат до тој степен што се прашува зошто се чувствува толку изморено и исцепено. Го празнат плитки луѓе кои се интересираат за туѓи животи, луѓе кои се премногу неспособни да го средат сопствениот живот па мудруваат за тоа како другите треба да постапуваат со сопствениот.

Го празнат луѓе кои секојдневно носат различна маска на лицето, маска која еден ден ќе задоволи еден а друг ден некој друг. Го празнат со својата површност и малодушност. Се прашува каде отишла неговата енергија и зошто се чувствува како да е стар милиони години.
Опкружувањето е она кое го ја влечи сета живописност и жар од него.

Престанете да престојувате во опкружување кое ве прави да се чувствувате измачено и уморно и да се прашувате што не е во ред со вас. Престанете да им дозволувате да ја одземаат вашата енергија со бесмислени нешта кои не придонесуваат ништо позитивно кај вас.

Опкружете се со луѓе кои ве инспирираат кои ви даваат надеж и ве поттикнуваат да работите на себе и на своите соништа. Луѓе кои веруваат во вас и сакаат да ве видат како победувате. Опкружете се со среќни лица кои се како сонце и ви помагаат да растете и зреете, а не такви кои ве гушат и од кои вашата душа венее.

Вие избирате кој ќе биде покрај вас, времето на овој свет е премногу кратко за да го поминете со такви кои постојано ќе го одземаат сиот ентузијазам од вас. Направете го тоа денес, престанете да наоѓате изговори за таквите луѓе, самите ќе видите колку е подобар животот без нив во ваша близина.

Прегледи:
724
Објавено на:
19.05.2020