Вкусниот коктел од мента и сок од грејпфрут е еден од најдобрите начини да го зајакнете своето тело на брз начин и да си обезбедите енергија за целиот ден.
Состојки:
– 6-8 листови свежа мента
– 1 црвен грејпфрут
– 2 раце замрзнати јагоди
– 1 парче свеж ѓумбир
– 1 лажичка ванилин шеќер
– 200 гр вода
Подготовка:
1. Темелно измијте го грејпфрутот и јагодите.
2. Исецкајте ги јагодите, грејпфрутот и ѓумбирот на парчиња.
3. Помешајте ги сите состојки во блендер.
4. На крај, кога ќе ги измешате сите состоји и ќе добиете хомогена смеса, додадете свежа мента.
Црвениот грејп е одличен извор на витамин Ц и добар извор на бета каротен, борецот против многу болести. Го намалува холестеролот и е полн со фитохемикали како флавоноид супстанца која помага во превенцијата на многу оштетувања на организмот и при лечењето на рак.