Апартманот вреден 15,32 милиони долари се наоѓа во Њујорк, лоциран е на 432 Парк Авенијата, што е познато како местото каде се наоѓа највисоката резиденцијална зграда на северната хемисфера.
Приватен шеф, ресторан, приватен паркинг, соба за игри и кино сала е само дел од луксузот кој го нуди овој комплекс, а ова е дури и нешто помало во споредба со предходниот дом на Џенифер во Њујорк.
Шпекулациите дека Џенифер и Алекс бараат заеднички дом се појавија есента, а веќе во февруари бил најден овој стан. Наводно тој се наоѓа на 35-тиот кат, односно го зафаќа пола кат, а има три спални соби, 4 бањи и лифт кој ги носи директно во станот.
Неверојатно луксузно опремениот стан има и прекрасна кујна, пространа и со мермер, а појадокот е вистинско уживање на малиот шанк на прозорот кој нуди спектакуларен поглед на градот.