Категории

Ова се најчудните места во светот: Нивната убавина ќе ве остави без зборови!

Светот е чудно и прекрасно место. Почнувајќи од розовото езеро до островот во Јапонија во кој владеат мачките, ви прикажуваме 10 слики кои ќе ве остават без зборови.

1. Езерото со дамки, Канада

Езерото со дамки уште во минатото е особено значајно за тамошното население и лесно е да се забележи зошто го сметаат за свето. Во текот на летото водата во езерото испарува, и остануваат мали минерални базени, секој од нив во различна боја. Ова уникатно езеро може да се забележи од Автопатот 3, северозападно од малиот град Осојос, иако посетителите се предупредуваат да не го посетуваат племенското земјиште.

2. Гигантскиот насип, Северна Ирска

Пред околу шеесет милиони години огромна вулканска ерупција исфрла маса на течен базалт, кој потоа се зацврстил и стврднал, создавајќи пукнатини кои што може да се видат и денес. Избројани се околу 37.000 колони, толку геометриски совршени што локалната легенда вели дека се создадени од џин.

3. Езерото Хилиер, Западна Австралија

Ова извонредно езеро е откриено во 1802 година на најголемиот остров во архипелагот Речерч во Западна Австралија. Езерото ја задржува својата длабока розова боја во текот на целата година, за која некои научници велат дека се создава поради високата соленост, во комбинација со присуството на алги познати како Dunaliella salina и розова бактерија позната како халобактерија.

4. Badab-e-Surt, Иран

Овие убави тераси во северен Иран се неверојатен природен феномен кој се развивал илјадници години. Травертин е вид варовник формиран од калциумот во течна вода, и во овој случај тоа се два топли извори со различни минерални својства. Невообичаената црвеникава боја на терасите се добива поради високата содржина на железен оксид во еден од изворите.

5. Линиите Наска, Перу

Животинските фигури и геометриските форми што ги насликал древниот Наска во Перу, се една од најголемите мистерии во Јужна Америка. Видливи само од воздух или од металната кула покрај автопатот, претставуваат форми кои не може да се објаснат со должина до 200 метри.

6. Островот Сокотра, Јемен

Одвоен од територијата на Африка пред повеќе од шест милиони години, овој остров изгледа како сет за филм со научно-фантастична содржина. Растенијата и дрвјата кои растат на Сокотра, не може да се видат на ниедно друго место во светот.

7. Раката во пустината, Чиле

Чилеанскиот скулптор Марио Ираразабал е „виновен“ за ова многу чудно ремек-дело кое излегува од песокот сред пустината во Чиле, Атакама. Ираразабал ја посветил оваа склуптура на човековото страдање претставувајќи осаменост која се доловува со самата локација.

8. Чоколадните ридови на островот Бохол, Филипини

Невообичаените конусни ридови во средина на островот Бохол имаат толку еднаква форма што би можеле да помислите дека се направени од човек. Сепак, според УНЕСКО тие се производ на зголемувањето на коралните наслаги и се резултат од ерозијата на дождовницата. Ридовите го добиле својот прекар „чоколадни“ само поради сушната сезона кога лисјата се претвораат од зелена во кафеава боја.

9. Катакомбите во Париз, Франција

Катакомбите се стари подземни премини кои луѓето во минатото ги користеле за заштита како засолништа, како и за погребувања. Секоја просторија која се користи за погребување може да се нарече катакомба, но зборот најчесто се користи во однос на Римската Империја. Многу од нив се наоѓаат под градови, а за нив се расчуло преку приказни за нивното користење како воени засолништа, скривници на криумчари или места каде се состанувале култови.

10. Островот на мачките, Јапонија

По кратко возење на ферибот од источниот брег на Јапонија, Таширохима има население кое брои 1.000 луѓе и многу повеќе крзнени пријатели. Првично, мачките биле донесени на овој остров, бидејќи на островот се произведува свила, а глувците се природни предатори на свилените буби. Локалните рибари сметаат дека мачките носат среќа, а островот има и храм на мачките, заедно со новоизградените кабини во форма на мачки за да останат туристи. Се разбира, влезот е забранет за кучиња.

Прегледи:
964
Објавено на:
10.05.2019