Категории

Пенкалото на вашиот живот е во ваши раце, а не во во туѓи – Напишете ја приказната што ја сакате и ја заслужувате

Заборавате дека си должите малку почит, само малку почит кога никој не го прави тоа. И кога на многумина им се чини дека сте само последната дупка на кавалот. Но, тоа е нивен проблем, не ваш и не аборавате дека имате право да признаете дека сте слаби и дека е важно како се чувствувате. Заслужувате мир и треба да си го дадете на себеси а кој што сака нека зборува. Луѓето секогаш кажуваат нешто и тоа не треба да ве засега.

Потребни се само неколку работи за да го добиете она што го заслужувате од животот. Малку повеќе верба во себе. И во оние кои веруваат во вас да ги чувате блиску и никогаш да не ги испуштате. Дајте си уште една шанса, колку пати сте ги прокоцкале старите досега. За жал, таков е животот. Заокружете ја вашата приказна со малку надеж за подобро утре и добри луѓе. И еднаш сфатете дека пенкалото на вашиот живот е во ваши раце, а не во во туѓи. Што чекате? Напишете ја приказната што ја сакате и ја заслужувате.

Прегледи:
374
Објавено на:
06.11.2021